Преку "Купи куќа - купи стан" 110 граѓани заштедиле 640.000 евра

Bez autora
Jan 23 2013

Од Министерството за финансии пресметале дека досега 110 граѓани кои добија субвенциониран станбен кредит преку проектот "Купи куќа - купи стан", досега заштедиле 640.000 евра, бидејќи ратите за кредитите што ги земале од банките им ги субвенционира државата. Најмногу, или 10.048 евра субвенции, добиле граѓаните кои зеле субвенциониран станбен кредит во висина од 50.000 евра преку моделот Половина ратаа. Од Министерството за финансии објаснуваат дека во овој случај првите три години месечната рата е 329 евра, од кои 164 евра ги плаќа граѓанинот кој го зел кредитот, а останатите 164,5 евра ги плаќа Владата. Во наредните две години, пак, месечната рата изнесува 343,91 евро, при што Владата обезбедува 171,95 евра од ратата.

Преку "Купи куќа - купи стан" 110 граѓани заштедиле 640.000 евраОд Министерството за финансии пресметале дека досега 110 граѓани кои добија субвенциониран станбен кредит преку проектот "Купи куќа - купи стан", досега заштедиле 640.000 евра, бидејќи ратите за кредитите што ги земале од банките им ги субвенционира државата.

Најмногу, или 10.048 евра субвенции, добиле граѓаните кои зеле субвенциониран станбен кредит во висина од 50.000 евра преку моделот Половина ратаа.

Од Министерството за финансии објаснуваат дека во овој случај првите три години месечната рата е 329 евра, од кои 164 евра ги плаќа граѓанинот кој го зел кредитот, а останатите 164,5 евра ги плаќа Владата. Во наредните две години, пак, месечната рата изнесува 343,91 евро, при што Владата обезбедува 171,95 евра од ратата.

Весна Атанасоска, која лани во јуни доби субвенциониран станбен кредит, вели дека благодарејќи на овој проект се решила да земе свој стан, наместо секој месец да плаќа 200 евра за кирија.

- Ова е невидена помош. Јас секој месец плаќам само 7.500 денари, а останатите 7.500 од месечната рата ми ги отплаќа Владата. Седумнаесет години живеев под кирија и давав 200 евра, што се повеќе од 40.000 евра. Конечно по 17 години, благодарејќи на овој проект, се решив да земам сопствен стан, а со помошта која ми ја дава Владата ми остануваат пари и за сметки и за опремување на станот и за останати потреби - вели Атанасоска, самохрана мајка на две деца.

Дополнителни заштеди граѓаните добиваат и преку каматите, при што заштедата е од 2 до 3 илјади евра. Моментно каматата што ја нудат банките за станбен кредит изнесува просечно од 6,2% до 6,5% за првите три години, и од 7,5% до 8,05% за останатиот дел од периодот на отплата, додека каматите на субвенционираниот станбен кредит се фиксни за првите пет години и тоа 4,99% за првите три години и 5,49% за четвртата и петтата година.

Глигор Бишев, директор на Стопанска банка, оценува дека доброто во овој проект е што и по петтата година каматите за субвенционираните кредити ќе останат најниски на пазарот.

- Стопанска банка ќе продолжи и оваа година да биде вклучена во проектот. Каматните стапки за првите пет години се гарантирани, и тоа во првите три години изнесуваат 4,99%, а во четвртата и петтата година 5,49%. По петтата година, на кое ниво ќе бидат утврдени каматните стапки ќе зависи од движењето на еуролиборот. Но, имајќи предвид дека Европската централна банка најавува дека каматните стапки ќе останат на сегашното ниво, како и очекувањето дека овие кредити редовно ќе се враќаат бидејќи станува збор за купување прв стан, очекуваме и по петтата година, каматните стапки да бидат поповолни во однос на оние за останатите редовни кредити - појаснува Бишев. Владата годинава објави нови јавни повици преку кои граѓаните ќе можат да аплицираат за субвенционирани станбени кредити до 31 мај.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik